Home ЗА НАС
За Нас PDF Печати Е-пошта

Соочувајќи се со смртни случаи на мои драги особи, увидов дека повеќе луѓе треба да бидат вклучени во организацијата, за достојно испраќање на починатите, за нас драги особи. Во многу случаеви тоа беа најожалостените (домашните).

Увидувајќи го тоа оценив дека треба да има некој кој ќе ги организира сите потребни работи, а да блиските на починатиот не го напуштаат кругот на семејството и во тој момент да не бидат оптоварени со организационите работи.

За таа цел во 2004г. e основано друштвото за погребална опрема, превоз и услуги ПРЕМИН- Јанковец кое во најкратко време организира се што е потребно за достојно и со пиетет испраќање на починатите, а доказ за тое е непрекинатото пренесување на добриот глас за нашата работа, услужливост и пресретливост.